мај 15, 2026

Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд.  Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а се очекува и официјално соопштение. Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.

Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.


The post Одложено е доделувањето на „Еми“ наградите поради штрајкот во Холивуд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK