јули 3, 2024

Џанлука Вијали со години се бори со ракот на панкреасот.

Поранешниот италијански фудбалер Џанлука Вијали вчера итно бил префрлен во болница во Лондон, бидејќи неговата здравствена состојба се влошила, пишува италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Вијали (58) беше хоспитализиран во Лондон поради рак на панкреасот, а минатата недела поднесе оставка од сите позиции во стручниот штаб на италијанската репрезентација, бидејќи сака да се посвети само на лекување на тешка болест. На легендарниот италијански фудбалер му беше дијагностициран рак во 2017 година.

 По долги и тешки преговори со моите лекари, решив, се надевам привремено, да се повлечам од сите позиции во италијанската репрезентација. Мојата цел е да ја искористам сета моја физичка и ментална енергија за да му помогнам на моето тело да се опорави во оваа фаза на болеста. Се надевам дека ќе се вратам што поскоро за да можам да се впуштам во нови авантури – напиша Вијали на социјалните мрежи пред една недела.

Во својата кариера, Вијали играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи. За италијанската репрезентација настапи на 59 натпревари и постигна 16 голови. Потоа беше тренер на Челзи и Ватфорд, а во стручниот штаб на италијанската репрезентација дојде во 2019 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK