Хрватскиот пејач Петар Грашо пред неколку дена беше специјален гостин на свадбата на српскиот музичар Дарко Лазиќ, а не е новост дека неговите песни се избор на младенците за нивниот прв танц.
Сепак, има се повеќе луѓе кои сакаат да го завршат својот романтичен момент со настап во живо, а Грашо го ангажираат да дојде на нивната забава и да остане цели 10 минути колку што трае танцот. Бидејќи Грашо е една од најголемите регионални ѕвезди, многумина ги интересира колку чини ова задоволство.
Извор од музичката индустрија за „Слободна Далмација“ наведува дека пејачот не настапува премногу на приватни веселби, а повеќе сака да доаѓа на свадби и да им пее една или две песни на младенците по договор. Тој ангажман чини од 2.000 евра па нагоре.
„Грашо з атие десет минути што ќе ви пее на свадба не доаѓа за помалку од 2000 евра“, тврди изворот.
The post За настап од десет минути на свадба Петар Грашо зема хонорар од 2000 евра appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
