мај 12, 2026

Поранешниот модел на Викторија Сикрет, Миранда Кер (40) е бремена со милијардерот Еван Шпигел (33). Заедно имаат два сина, Мајлс (3) и Харт (5). Таа на Инстаграм објави дека ќе сподели возбудливата вест која подоцна ја откри на Снепчет.

Манекенката откри дека очекуваат уште еден син. На фотографијата која ја сподели со своите следбеници се гледаат четири пара тениски чевли, па Миранда навести дека доаѓа нов член во семејството. Ова и е четврто дете, го има и 12-годишен син Флин од бракот со Орландо Блум.

„Многу сум возбудена што можам да го објавам бебето број четири“, напиша Миранда.

За потсетување, Миранда и основачот на Снапчет се венчаа во 2017 година. Шпигел во 2015 година беше најмладиот милијардер во светот, токму преку социјалната мрежа што ја основа.

The post Поранешниот модел на Викторија Сикрет, Миранда Кер чека четврто дете appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK