Аргентинците освен со пехар си заминаа дома и со најмногу пари. Финалето Аргентина – Франција е меѓу шесте најефикасни финални натпревари во историјата на светските првенства.
Репрезентацијата на Аргентина, освен со пехарот за освоеното Светско фудбалско првенство од Катар, ќе се врати и со најголема парична награда. Тоа и следува како победник во финалето на Мундијалот. Парични награди следуваат за сите репрезентации кои учествуваа.
Аргентинците исто така се репрезентација за која на Светскотo првенство биле досудени најмногу пенали. Меси и Мбапе се рекордери во различни категории, а финалето Аргентина-Франција е меѓу најефикасните во историјата. Во продолжение ТРТ Балкан ви пренесува интересни факти за првенството кое заврши пред два дена.
За Аргентина 39,5 милиони евра
Репрезентациите учеснички на СП добиваат пари од Светската фудбалска организација ФИФА. Износот зависи од пласманот. Репрезентации за учество добиваат околу 8,4 милиони евра и уште 1,4 милиони евра за подготовки. Другиот дел од финансиите зависи од тоа во која фаза ќе се пласира селекцијата. Аргентина како победник на мундијалот ќе добие 39,5 милиони евра, а Франција како финалист 30 милиони.
Третопласираната Хрватска ќе добие 25,4 милиони евра, а четвртопласираната репрезентација на Мароко ќе инкасира околу 23,5 милиони евра.
Рекорден број пенали за гаучосите
Резултатот на Аргентина на ова светско првенство се темели на добрата игра и ефикасен напад, но несомнено на гол разликата на гаучосите влијаеја и головите од пенали. За Аргентинците на ова првенство беа досудени вкупно пет пенали. Со тоа Аргентина стана рекордер по бројот на досудени пенали за една репрезентација на едно светско првенство. Претходно за Португалија на светското првенство во 1966 година и за Холандија 1978 година биле досудени по четири пенали.
Меси со повеќе настапи од Матеус
Капитените на Аргентина и Франција Лионел Меси и Хуго Љорис станаа рекордери на финалето во Катар. Финалето за Љорис беше 20 натпревар на светските првенства со што тој стана рекордер меѓу голманите според бројот на натпревари на светските првенства.
Лионел Меси пак одигра 26 натпревари и стана поуспешен од поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус.
Мбапе втор во историјата со хет трик во финале
Најефикасниот стрелец на француската репрезентација Килијан Мбапе исто така влезе во историјата. Тој е играчот со најмногу голови во финалињата на светските првенства и стана втор фудбалер кој во историјата на финалните натпревари постигнал хет-трик. По Џеф Хрст од Англија во 1966 година, Мбапе е вториот фудбалер кој постигнал три гола на финалниот натпревари.
Ефикасност
Податоците од историјата на финалињата на светските првенства говорат дека финалето Аргентина-Франција кое во регуларниот дел заврши 3:3 беше меѓу шесте најефикасни. На само едно финале, она меѓу Бразил и Шведска во 1958 година кое заврши со резултат 5:2, биле постигнати повеќе голови. Уште четири финалиња: во 1930, 1938, 1966 и 2018 биле идентични по ефикасност со по шест голови.
TRT Balkan
Следете не, не има насекаде