октомври 28, 2024

Веројатно нема личност која не доживеала „напад“ од ненадејно икање. Иако не е опасно по здравјето, кога сте во друштво или на важен состанок, може да биде многу непријатно. Стресот и возбудата се честа причина за икање, а се манифестира со грчеви на дијафрагмата.

Најбрзиот начин да го спречите икањето е полека да пиете вода, голтка по голтка или да го задржите здивот неколку секунди. Додајте на тоа уште неколку трикови.

Шеќер или мед

Изедете една лажичка шеќер или мед. Велат дека ова е ефикасен метод во 95 проценти од случаите.

Јогурт и сол

Комбинацијата од јогурт и сол им помогна на некои луѓе. Помешајте две лажички сол со половина шолја јогурт и испијте го полека.

Скокоткање

Може да помогне и скокоткањето на мекото непце со стапче од уво, а скокоткањето на други делови од телото може да го „одвлече“ вниманието и да го запре икањето.

Блокирање на звук

Ставете ги прстите во ушите 20 или 30 секунди за да ги блокирате звуците. Ќе ви помогне ако полека пиете вода преку сламка со затворени уши.

Јазикот надвор

Извадете го јазикот и дишете полека. Оваа вежба ја користат пејачите и актерите бидејќи го стимулира отворот помеѓу гласните жици. На тој начин можете многу брзо да го решите проблемот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK