октомври 28, 2024

Познатото одморалиште Портофино е првиот италијански град кој именува улица по неодамна починатиот премиер Силвио Берлускони, откако локалните власти по забрзана постапка добија одобрение за ваква одлука.

Берлускони почина во јуни, а во Италија е обичај да поминат 10 години по смртта на човек за да му се оддаде таква чест, но во овој случај беше направен исклучок бидејќи беше оценето дека Берлускони има посебни заслуги за нацијата.

Како што пренесува Анса, улицата ќе добие ново име на 14 октомври, неколку недели по датумот кој би го одбележал 87-от роденден на Берлускони.

„По тој повод ќе се одржи мала церемонија во договор со семејството“, изјави градоначалникот на Портофино, Матео Виакава.

The post Берлусокни ќе добие улица во Портофино appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK