октомври 27, 2024

Новинарот Фуркан Салиу денеска на прес-конференција му постави неколку незгодни прашања на Христијан Мицкоски кој, како и секогаш не даде јасен одговор на ниедно од нив.

Салиу праша како тоа еден ден Мицкоски се бори против криминалот, а другиот ден се фотографира со “осуден криминалец”.

Салиу до Мицкоски: Толку ли сте искомплексиран од Груевски?!

– Толку ли сте искомплексиран од Груевски што ако тој напише еден статус на Фејсбук дека не го браните поранешното раководство, вие сите ќе ги викнете на состанок? Слушавме за Јанкуловска дека сака за уши да ги вади Ромите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за Мартин Нешковски дека е обичен наркоман, зошто се среќавате со неа? – праша Салиу кој на Фејсбук сподели видео од прес-конференцијата и напиша:

Можеби #Мицкоски не сфаќа колку презир, и колку гнев има кај народот после тоа што го слушавме од #Јанкулоска. Можеби тоа е така затоа што и самиот тој беше дел од тој режим.

Што е следно? Средба со #Груевски во неговата канцеларија? Средба со #Мијалков?

Се прашувам зошто не објавуваше слики од средбите со Орце #Камчев и #Кичеец?

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK