октомври 28, 2024

На денешен ден пред 80 години, во 1943 година, во времето на првиот од петте кратки периоди во кои Кичево и областа Копачка биле ослободени од фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна, во селото Подвис е одржан првиот школски час на македонски јазик.

Училиштето било отворено на ослободената територија, а прв учител бил Василко Ристески од Подвис. На првиот час, тој им рекол на учениците: „Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик. И ќе си се поздравуваме на македонски јазик.“ Секој ден, при влегувањето на учителот во училница, тој поздравувал со: „Смрт на фашизмот“, а децата одговарале со: „Слобода на народот“.

Училишната зграда во која се одвивала историската прва настава на современ македонски јазик со години е во очајна состојба, оставена да пропаѓа без никаква грижа од државата, и покрај тоа што има статус на споменик на културата.

Зградата се наоѓа во стариот, целосно напуштен дел од Подвис, а спомен-плочата која била поставена на неа, локалните жители одамна ја преместиле во новиот дел на селото. Последните, јалови најави за обнова на училишната зграда се слушнаа во 2014 година.

Првото ослободување на Кичево и околината во септември 1943 година траело 21 ден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK