октомври 27, 2024

Една од најчестите идеи за појадок или вечера без грешка е пројата.
Таа е едноставна за подготовка, во стил „помешајте ги сите состојки и ставете ги во плех“, пројата е омилена и меѓу децата и меѓу возрасните.

Доколку обожавате проја, но сепак малку сакате да го смените рецептот, тогаш пробајте го овој рецепт со пченкарно брашно.
Нејзе ја нарекуваат и лажна проја. Таа често се наоѓала на менијата во семејствата ширум Југославија.

Состојки:

400 грама пченкарно брашно;4 јајца;100 милилитри масло за јадење;200 грама кисела павлака;1 прашок за печиво;млеко.

Подготовка:
Прво одвојте ги жолчките од белките, па жолчките изматете ги со павлака.
Потоа додадете го маслото за јадење, брашното и прашокот за печиво. Сето тоа добро изматете го, од друга страна изматете ги белките во цврста состојба заедно со млекото.
Смесата треба да биде со иста густина како и онаа за палачинки. Спојте ги двете смеси и ставете ги во тепсија која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
Печете ја пројата на 200 степени Целзиусови додека не добие златна боја.

Пријатно јадење!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK