октомври 27, 2024

Деновиве Елизабет Харли е неразделна од синот Демијан, а многумина велат дека нивниот однос е повеќе од бизарен и непримерен.

Елизабет Харли вчеравечер била главната гостинка на промоцијата на книгата на Џоан Колинс. Во придружба на нејзиниот син Демијан, актерката влегла во собата како вистинска дама во цветен фустан и затегнато тело.
Како и секој пат кога се појавува во придружба на синот, така и сега сите ги гледале со неверување, бидејќи дваесет и едногодишниот Демијан неодоливо потсетува на Елизабет. Неговата убавина повеќе наликува на женска, отколку на машка, па се шпекулира дека за тоа е одговорна неговата мајка, која од него сакала да направи ќерка која никогаш ја немала.

Британските новинари честопати истакнуваат колку е бизарен и чуден односот меѓу мајката и синот, со оглед на тоа дека тие се неразделни и дека тој често ја фотографирал својата педесет и деветгодишна мајка топлес.
Елизабет имала кратка афера со милионерот и продуцент Стив Бинг пред 20 години, а потоа забременила. Милионерот одбил да го признае синот, но ДНК анализата утврдила дека детето е негово, па таткото морал да плаќа алиментација.

Никогаш не сакал да го види детето, а кога неодамна се самоубил скокајќи од 27-от кат, во неговиот тестамент немало место за Демијан.
Елизабет Харли можеби има убавина, но не и среќа во љубовта. По 13 години врска со Хју Грант, папараците го фотографирале актерот под мост додека го задоволувала трансродова проститутка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK