октомври 27, 2024

„Сага“ е најновата балетска продукција од Националната опера и балет. На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“ .

„Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески. „Ме радува моментот на соединување со ансамблот на Националниот балет, по подолг период и се радувам на можноста на заедничката креација со извонредните солисти и ансамблот, кои беа реална инспирација за создавање на „Сага” – вели кореографката Рисимкин.

The post Премиерата на современиот балет „Сага“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин во НОБ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK