октомври 27, 2024

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп тајно сменила делови од нејзиниот предбрачен договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во време на неговата кандидатура за втор мандат во Белата куќа.

Таа е најзагрижена за фондот наменет за нејзиниот син Барон, а според „Дејли мејл“, изменетите услови наводно се однесуваат на финансиите и имотот и треба да го зголемат фондот формиран за сега 17-годишниот Барон.

Се верува дека ова е трет пат парот да го менува договорот што првично бил склучен кога се венчале пред речиси две децении во 2005 година.

Неименуваните извори велат дека предбрачниот договор е повторно променет повеќе поради правните битки на Трамп отколку поради неговиот потенцијален втор мандат како претседател.

The post Меланија Трамп тајно менувала делови од предбрачниот договор со Трамп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK