ноември 23, 2024

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил.

Сега, за ,,Фокус” вели дека ја прекинал постапката за азил, а по процедурата која траела околу еден месец, и откако ќе му бил вратен пасошот, тој си доаѓал дома.
Причината за неговото заминување беше тоа што се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра, а како што во претходно интервју појсани за ,,Фокус”, заминал во Германија за да бара азил, бидејќи сфатил дека може да се соочи со над осум години затворска казна.

Сега, со измените во Кривичниот законик тој вели дека нема опасност од притвор, па се враќал во Македонија, за да го стави на располагање на државата искуството кое го имал со двете најголеми политички партии.

-Планирам да влезам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија, и како борец против организираниот криминал во којшто плива државата!
Имам многу што да кажам на темата. Понатаму, во иднина, планирам да најавам кандидатура за претседател на држава на изборите – појаснува Цветанов.

Додава дека измените во КЗ, според кои сега е слободен човек, воопшто не ги очекувал.

-Ова ми дојде како дар од Бога! Играта која ми ја направија од СДСМ и олигарски лоби групи беше да добијам повеќе од 12 години затвор, со цел да ме замолчат засекогаш, бидејќи сум сведок на сериозни милионски криминални игри кои ја уништуваат државата – тврди тој.

Неодамна беше актуелен во јавноста откако започна јавно да зборува за своите бугарски национални чувства, и тогаш раскажа дека започнал да добива разни закани преку социјалните мрежи.

-Јас лично во 1997-ма започнав со школување во Бугарија, па лека полека ја запознавав културата, начинот на живот во Бугарија, како и другата страна на историјата преку читање на бројни книги.

До минатата година се декларирав за Македонец од причини што се бавев со политика и беше редно да се солидаризирам со мнозинството граѓани кои гласаат на избори, а се чувствуваат како Македонци.

Она кое што ме натера јавно да почнам да говорам за моите национални чувства кои со тек на времето станаа бугарски, е отровот и омразата кои што се генерираат од страна на определени политичари кон Бугарија- ни изјави тој пред неколку месеци.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK