Украина практично нема шанси да го преживее конфликтот со Русија без финансиска поддршка од САД, вели пратеникот на Врховната Рада Алексеј Гончаренко.
ПРЕСВРТ | Киев: Украина не може да преживее без помошта од САД
Претходно во неделата Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден потпишал закон одобрен од Конгресот кој предвидува продолжување на финансирањето на владата во период од 45 дена – до 17 ноември. Законот не вклучува распределба на средства за потребите на Украина.
„Соединетите држави се наш клучен сојузник. Без поддршката на Соединетите држави, ние практично немаме шанса да преживееме. Она што се случи вчера во Конгресот веќе не е само повик за будење, тоа е веќе ѕвонче што ѕвони. Треба да се промениме Треба да ги правиме работите поинаку“, напиша Гончаренко во својот канал Телеграм.
Следете не, не има насекаде