октомври 26, 2024

Министерот за надворешни работи на Македонија, БУјар Османи, разговарал со српскиот колега Ивица Дачиќ за, како што вели, загрижувачкиот број на српска војска на границата со Косово.

– Загрижен за натрупувањето на војска на границата меѓу Косово и Србија утрово го контактирав министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти Османи кој кажа дека повлекувањето на војската е прв чекор кон нормализација.

– ОБСЕ го поздравува чекорот на НАТО да донесе дополнителни сили во рамките на КФОР во Косово и е подготвено да асистира за да се намалат тензиите и двете страни да се вратат на дипломатска маса, вели Османи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK