октомври 26, 2024

Во кулата „Б“ на 17. кат во комплексот „Скај сити – Џеваир“ попладнево избувнал пожар, поради што дел од станарите биле евакуирани. Веднаш пристигнало противпожарното возило, но немало потреба од интервенција, бидејќи противпожарниот систем кој го има кулата ја завршил работата и недозволил пламените јазици да се прошират.

Пожарот бил изгаснат, но поради поголемото количество вода кое го исфрлил системот настрадале лифтовите, кој времено не биле во функција.

„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK