октомври 26, 2024

Изминатиот викенд Скопје беше домаќин на големиот моден настан „Скопскиот моден фестивал“ каде ги собра сите познати градски фаци и инфлуенсери кои во најразлични модни изданија позираа пред фотоапаратите.

Манекенката и наставничка Маја Глигоровска по подолга пауза и се врати на модната писта. Овој пат Маја ја отвори првата вечер од „Модниот фестивал“ во креација на Бианка Споса, во долг фустан со корсет и пердуви.

Покрај Бианка Споса, со свои креации се претставија модните дизајнери Бојан Стоилковски и Џоле Миловски.

„Скопскиот моден фестивал“ траеше три дена и се одржа во скопската дискотека „Пјур“.

 


The post Маја Глигоровска во гламурозен фустан на Бианка Споса го отвори „Скопскиот моден фестивал“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK