октомври 26, 2024

Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари.

Воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале. За воспитувачката е покрената дисциплинска постапка.

Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев.

Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.

инфомакс

The post Скандал во детска градинка во Велес: Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK