октомври 26, 2024

Тиквата е една од омилените есенски намирници, а може да се подготви на многу начини. Освен тоа што е вкусна, содржи хранливи материи кои придонесуваат за подобро здравје на нашиот организам, а за да го докаже тоа, докторката Патриша Варакало решила цела недела да јаде тиква секој ден.

За порталот „The Healthy“, таа открила какви промени забележала.

Подобро варење
Една од првите промени која докторката ја забележала е подоброто варење. Ова не е изненадувачки бидејќи тиквата е богата со растителни влакна, кои инаку се одличен сојузник за урамнотежено варење. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со растителни влакна може да им помогне на цревата правилно да функционираат.

Поздрава и поблескава кожа
Покрај подоброто варење, д-р Варакало забележала и дека за само неколку дена консумирање тиква имала значително поздрава и поблескава кожа. Диететичарите објаснуваат дека причината за тоа е бета-каротенот, антиоксидант кој се наоѓа во тиквата и во нашето тело се претвора во витамин А. Овој важен витамин е еден од клучните кога зборуваме за одржување на здрава, младешка кожа.

Поквалитетен сон
Сите знаеме колку е важен квалитетниот сон за одржување на целокупното здравје, а токму ова е една од промените кои докторката ги забележала. Како што објаснува таа, семките од тиква содржат триптофан и тирозин, кои се исклучително важни кога станува збор за ублажување на анксиозноста и стресот

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK