октомври 26, 2024

Пејачката не сте ја виделе во вакво издание
Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ одлучи да направи мала интервенција на усните и целиот процес го покажа на Инстаграм.

И како што самата објави, Тијана имаше потреба на поширокиот аудиториум и на гледачите да им објасни зошто е олку црвена.
Имено, од објавата се гледа дека нејзината кожа бурно реагираше на процесот така што целото лице и беше црвено.

Целото лице на Тијана црвено и отечено, што се случува? Пејачката ги загрижи фановите на Инстаграм

Ова ги загрижи нејзините пријатели и следбеници, па таа на самиот почеток мораше да објасни што се случува.

„Јас не верувам дека во ординација доаѓаат луѓе со олку чувствителна кожа, но јас сум една маца чувствителна, што никогаш не би се кажало, па од таму и црвенилото“, раскажа Тијана во видеото.
Таа потоа го објасни целиот процес, а и пред неколку недели исто така ги загрижи сите со слична објава.

Тијана притоа откри и која е нејзината тајна секогаш да изгледа свежо и негувано, покажувајќи еден козметички третман.
Имено, пејачката веќе долги години е на сцената и бидејќи во оваа професија изгледот е важен, редовно оди н третмани.

Па така таа и неодамна се снимаше во еден салон и во својата објава на Инстаграм откри што правела на лицето.Таа и тогаш имаше црвенило на лицето, по што следуваше масажа со ледени кугли со кои што го смири црвенилото.
Потсетуваме, Тијана наскоро по подолго време ќе го одржи својот прв настап во нејзиното „Скопјенце“.

Концертот ќе се одржи на 5 октомври во Јавна соба, а оваа вест ги воодушеви нејзините бројни фанови од Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK