октомври 26, 2024

Дороти Хефнер од Чикаго на возраст од 104 години скокаше од падобран во тандем скок. Таа се надева дека ќе добие сертификат за најстара личност која го направила овој предизвик.

„„Годините се само бројка“, рекла Дороти Хефнер пред воодушевената толпа веднаш по слетувањето на аеродромот во северниот дел на Илиноис за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго, пишува „Чикаго трибјун“.

103-годишната Линеа Ингегард Ларшон од Шведска досега го држеше рекордот на Гинис за најстар падобранец во светот, кога лани во мај го прифати предизвикот.

Skydive Chicago Airport сака скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светски рекорд, објави локалната ТВ станица WLS.

The post (Видео) Баба од Чикаго го собори светскиот рекорд, на 104 години скокна со падобран appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK