октомври 26, 2024

Вработен во Општина Неготино е под сомнеж дека за време на панаѓурот наплаќал во кеш за користење јавен простор, заработи кривична, информираа денеска од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднела кривична пријава против М.Д. (41) од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

– Пријавениот во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на буџетот на Општина Неготино, појаснија од СВР Велес.

The post Вработен во Општина Неготино за време на панаѓур наплаќал паркинг, заработил 98.100 денари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK