октомври 26, 2024

Почина актерката Ратка Радмановиќ, инаку позната по улогите во македонските филмови на Милчо Манчевски.

Информацијата за нејзината смрт е соопштена преку нејзиниот профил на Фејсбук.

„Денес по кратко боледување престана да чука срцето на нашата најсакана, актерката и доајен на македонското глумиште Ратка Радмановиќ. Нека и е вечна слава“, пишува во објавата на Фејсбук.

Родена во Кочани, Радмановиќ најголем дел од кариерата работела во Битолскиот народен театар. Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во „Пред дождот“, „Ослободување на Скопје“, „Прашина“, „Кајмак“, „До балчак“, „Панкот не е мртов“, „Мајки“, „Трето полувреме“, „Сенки“ и други.

Нејзината последна улога беше во филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски со улогата на Натка.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи утре во 11 часот.

The post Почина актерката Ратка Радмановиќ позната по улогите во филмовите на Манчевски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK