октомври 26, 2024

Пред две години Нептун Македонија заедно со своите вработени одлучија да направат импакт во заедницата во областа на поддршка на ранливите категории – децата без родителска грижа и тоа преку поддршка на работата на СОС Детско село.

“Во овој период реализиравме многу активности, читавме онлајн приказни на децата, садевме дрва, кречевме куќи кај младиниците, нашите вработени држеа обуки на младите за зајакнување на нивната вработливост и меѓудругото станавме КУМОВИ на една куќа. Како заокружување на годината одлучивме по втор пат да ја активираме кампањата “Заокружи сметка” која стартува на 1 октомври и ќе трае до 31 декември оваа година – велат од Нептун.

Преку оваа акција се овозможува на потрошувачите да донираат едноставно и да придонесат за квалитетни услови за грижа на децата во СОС Детското село. Со едноставно заокружување на сметката при кое било купување во Нептун, потрошувачите може да донираат износ по свој избор во рамки на можностите.

„Им благодариме на Нептун кои ја препознаа важноста на поддршката за децата од СОС Детското село да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и грижа. Ова е нивна втора донаторска иницијатива во рамки на нашето стратешко партнерство и ние сме навистина благодарни за сите активни напори во насока на обезбедување подобро разбирање на потребите на овие деца – изјави Силвија Брајовиќ од СОС Детско село.

Истовремено по повод одбележување на 1 година кумство, тимот на Нептун на 29.9.2023 се дружеше со Кумската куќа во во Зоолошката градина во Скопје, а забавата продолжи во службените простории на Нептун, од каде и децата, но и вработените си заминаа со полни срца и широки насмевки.

„Сите наши потрошувачи може да дадат придонес во оваа голема хуманитарна акција со едноставно заокружување на сметката до износот што го сакаат, на секое пазарување реализирано во Нептун до крајот на годината. Веруваме дека заедно со нашите потрошувачи ќе им помогнеме на децата од СОС Детското село слободно да ги развиваат своите капацитети и да станат успешни млади луѓе што активно ќе придонесуваат во општеството“ – изјави Александра Тасевска, Координатор за корпоративен маркетинг во Нептун.

Нептун преку Хуманитарната акција „Заокружи сметка“ сака да ги зајакне капацитетите и потенцијалите на згрижувачите, но и на децата во СОС Детско село, демонстрирајќи активен напор во креирање на подобри можности за нив, но и со верба дека ќе мобилизира и други компании во намерата за поттикнување на позитивни општествени промени

The post НЕПТУН хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка” appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK