октомври 25, 2024

Веднаш штом претседателот на Абхазија, Аслан Бжанија, изјави дека во нејзиниот залив Очамчира ќе се појави постојана база за бродовите на руската морнарица, почнаа тврдењата и гласините дека Русија ги изнесува своите воени бродови од Севастопол и ги распоредува така што тие не би биле во дострелот на западните ракети доставени до украинската армија.

Тревога во Украина! Додека сите гледаат во Израел, Путин подготвува голема операција! Еден потег на руските сили навестува тотална ескалација!

Кремљ не ги коментираше информациите за трансферот на Црноморската флота од Севастопол, ниту за создавање на поморска база во Абхазија. Во меѓувреме во игра влегоа и други играчи.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ објави дека командата на руската Црноморска флота веќе префрлила три нападни подморници и две фрегати во други пристаништа – во Русија и Крим. Поточно, дека главниот дел од таа флота бил префрлен во Новоросијск, а некои бродови во Кримската Феодосија.

Шефот на израелското разузнавање го охрабрил Хамас да го преземе Појасот Газа?! Што пишуваше „Викиликс” во 2010 за Израел и Хамас?
Скопски аеродром: Од денеска патниците мора да се појават три часа пред летот
Маричиќ: Не е точно дека пет членки на ЕУ се против нашите преговори
Русија се огласи за Израел! „Подготвени сме за радикални мерки!
11 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Истиот весник наведува дека сите руски бродови кои се оштетенисè уште можат да ги користат своите крстосувачки ракети за да гаѓаат цели на територијата на Украина.

Самите Украинци користеа британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ (две од нив го погодија седиштето на Црноморската флота во Севастопол на 22 септември), а американските ракети HIMARS и антирадарските ракети HARM за нападите на Крим.

Операција „Одеса“
Руски воени експерти и аналитичари сметаат дека „излезот на флотата од Севастопол“ е еден од знаците дека руското воено раководство подготвува значајни офанзивни операции во Украина.

Некои дури тврдат дека „напуштањето на Севастопол“ е составен дел од подготовките за руските операции кон Николаев и Одеса.

Тие се убедени дека во „операцијата Одеса“ најдиректно ќе учествуваат бродови, подморници, авиони и ракетни системи на Црноморската флота. Со значајна улога, дури и ако главните удари врз украинските сили распоредени во и околу Одеса доаѓаат од копното.

Поранешниот командант на Црноморската флота, адмирал Владимир Комоједов, нагласи дека воените бродови од Севастопол се „разместени“ за да бидат подалеку од украинските ракети, но дека „ќе биде зачувана нивната способност да вршат напади во која било насока“.

Тој особено нагласи дека бродовите во воени услови не смеат да се групираат во едно или две „јата“:

Кога флотата е дисперзирана, потешко е да се открие и таргетира – рече Комоједов.

Да потсетиме, Русија има сериозно воено пристаниште во Новоросијск. Изградено многу пред Специјалната воена операција во Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK