октомври 25, 2024

„Тоа се неодговорни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за Македонија и кои би нѐ спречиле да продолжиме со преговорите. Тоа не е точно тоа нема никаква врска со реалноста“, реагира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој рече дека ЕУ не ја притиска Бугарија во однос на Македонија бидејќи, како што нагласи, против отворање на преговори со Македонија се најмалку пет членки на ЕУ кои забележуваат висок степен на корупција во земјава.

Маричиќ: Не е точно дека пет членки на ЕУ се против нашите преговори

„Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе нѐ чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата, изјави Маричиќ во гостувањето на Националниот сервис.

Шефот на израелското разузнавање го охрабрил Хамас да го преземе Појасот Газа?! Што пишуваше „Викиликс” во 2010 за Израел и Хамас?
Скопски аеродром: Од денеска патниците мора да се појават три часа пред летот
Маричиќ: Не е точно дека пет членки на ЕУ се против нашите преговори
Русија се огласи за Израел! „Подготвени сме за радикални мерки!
11 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.

„Ќе почнат преговорите за Украина, за Молдавија, можно е да се донесе одлука Албаниај да продолжи понатаму. Ќе останеме во една категорија на држави кои што се далеку од преговорти како што се БиХ и Косово. Мислам дека тоа овие и наредноите генерации нема да ни го простат“, рече Маричиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK