декември 28, 2024

За да биде подготвена за критичните ситуации, Украина од Илон Маск порача над 10 илјади нови Starlink антени.

Во договор со Илон Маск и неговата компанија SpaceX, Украина обезбеди над 10.000 од новите Starlink антени како помош за спротивставување на руските воздушни напади, рече Михајло Федоров, потпретседател на владата и министер за дигитална трансформација.

Федоров истакна дека лично зборувал со Илон Маск, како и дека извршниот директор на компанијата SpaceX брзо реагирал на нивните проблеми и им помогнал, обеќавајќи им продолжување на поддршката.

„Маск ни вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина. Кога имавме голем прекин на струја, тој ден му испратив порака, а тој веднаш реагираше и веќе презеде мерки. Тој ја разбира ситуацијата“, рече Федоров, додавајќи дека Украина од почетокот на руската инвазија примила околу 22 илјади Starlink антени, како и дека претходните финансиски проблеми се решени. Според него, повеќе земји од Европската Унија се подготвени да ги поделат тие трошоци.

Иако не прецизираше кои земји се во прашање, вкупно 27 министри за надворешни работи во ЕУ разговараа за финансирањето на услугите на Starlink во Украина. Преговорите се водеа во октомври, а министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, рече дека разговорите сѐ уште се во рана фаза.

Федоров истакна дерка неговата земја ќе мора да пронајде повеќе средства напролет, како и дека Украина се подготвува за најлоши ситуации во кои струја, греење, водовод и канализација би можеле да бидат прекинати со денови или недели. Во случај тоа да се случи, министерот тврди дека Украина има резервен план кој вклучува поставување клучни локации каде граѓаните ќе можат да добијат непрекинат пристап до овие услуги, додека интернетот ќе биде обезбеден со помош на услугите на Starlink.

„Подготвени сме да живееме месец дена без струја со барем мобилна мрежа и текстуални пораки. Што се однесува на интернетот, имамо многу Starlink, но клучната работа е што добивме одобрување за уште една пратка која ќе се користи за стабилизација на мрежата во критични ситуации“, вели Федоров.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK