јули 3, 2024

Германија е решена да се „ослободи“ од рускиот гас, од кој зависи со децении

Првата пратка течен природен гас (LNG) пристигна во Германија. Танкер со 140.000 кубни метри ЛНГ од Египет пристигна на терминалот во Лубмин, еден од трите планирани пловечки терминали долж германскиот брег.

Се очекува терминалите да профункционираат до крајот на годинава, а нивните комбинирани капацитети треба да покриваат една петтина од енергетските потреби на земјата, пишува „Шпигел“.

Ова би била добра вест доколку британскиот сервис Би-би-си на почетокот на неделата не објави анализа која покажува дека „одвојувањето“ од Русија ќе биде доста предизвик за многу европски земји.

Минатата година 40 отсто од природниот гас во ЕУ доаѓаше од Русија, а Германија беше најголем увозник.

Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика (IAE), Германија увезла 56,2 милијарди кубни метри руски гас во 2021 година.

Кога таа бројка ќе се стави во контекст на еден танкер со 140.000 кубни метри ЛНГ, „добрата вест“ што ја објави „Шпигел“ не изгледа толку добра.

Имено, излегува дека на Германија и се потребни 401.428 цистерни за течен гас за да го компензира рускиот, односно дневно на нивните терминали пристигнуваат по 1099 танкери со ЛНГ, што не изгледа реално.

„Блумберг“ на крајот на септември објави дека канцеларот Олаф Шолц обезбедил една пратка ЛНГ од Обединетите Арапски Емирати од 137.000 кубни метри до почетокот на 2023 година и „необврзувачко“ ветување дека ќе има повеќе.

Порталот „Статиста“, кој обработува статистички податоци на глобално ниво, наведува дека во 2021 година флотата на танкери со течен гас имала 700 пловни објекти, педесет повеќе отколку во 2020 година, кога трговијата со ЛНГ достигна 488 милијарди кубни метри. Најголемиот танкер може да пренесе до 266.000 кубни метри течен гас.

И покрај најавите дека Германија може целосно да остане без гас уште во февруари, канцеларот Олаф Шолц останува „оптимист“ убеден дека неговата земја ќе ја надмине кризата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK