октомври 23, 2024

Смртоносна пита со праз – трагично заврши 47 годишна жена која заедно со својот сопруг и баба јаделе домашна пита.Жената починала денеска а мажот и бабата се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е се уште во кома на КАРИЛ. Блиски роднини на семејството, за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со Метомил пестицид, засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

Случајот бил пријавен пред неколку дена во полиција. И во има во билтенот на МВР.

На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје, соопшти полицијата.

Инаку, метомил е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.

Ања Лукарова

The post Трагедија во Скопје: Eдна жена почина, двајца се борат за живот откако дома јаделе пита со праз appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK