октомври 23, 2024

Ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности е пораката која земјава ја испраќа до членките на ЕУ со постојаните изговори наместо спроведување на реални реформи, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности е пораката која земјава ја испраќа до членките на ЕУ со постојаните изговори наместо спроведување на реални реформи, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој повторно упати жестоки критики за напредокот на државава, состојтите во судството и борбата со коруцппиајта. Амбасадорот во својот говор на регионалната конференција насловена „Правдата нека владее со регионот” кажа дека во Македонија нема вистинска политичка волја за промена. Коп вели дека процесите се заглавени, не само поради немањето реформи, туку и поради корупцијата и непотизмот…

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во Белград, Букурешт и Пекинг
Ковачевски: Пензиите ќе продолжат да се зголемуваат, ја имате целата наша почит и поддршка
Се отвора патот за промена на Уставот? Поради сменети искази за случајот „Делчевски ниви“ се запира прогонот?!
Половина од жените не знаат: Ова се петте помалку познати симптоми на рак на дојка
Американската амбасада во Либан ги повика граѓаните на САД во земјата да ја напуштат „што е можно поскоро“
Ако секој ден ги потпирате стапалата на ѕид, во вашето тело ќе се случат три важни промени
Јан Коп до Владата: Ги сакате нашите пари, меѓутоа не ги сакате нашите вредности
Министерство за здравство: За првпат годинава има двапати покачување на платата за здравствените работници
Вело Марковски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори

„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?- вели Дирк Јан Коп – Амбасадор на Кралството Холандија.

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ, но предупреди дека состојбите во правосудниот сектор кај нас не оставиле друга опција освен усште еднаш да ја проверат поддршката која ни ја даваат.

Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ.Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани.Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред, изјави Дирк Јан Коп – Амбасадор на Кралството Холандија.

Коп во говорот Судскиот совет повторно го оцени како нелегитимно тело, а со последните измени на Кривичниот законик вели дека се обезбедува неказнивост на високи функцинери и се фрлаат во канта за отпад голем број на случаи поврзани со корупција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK