октомври 23, 2024

Универзитетскиот професор, Вело Марковски денеска информира дека планира да се кандидира за претседател на државата, а одлуката ја донел после средби, разговори и поддршка од граѓаните. На прес-конференција, тој најави дека собирањето на потписи за кандидатурата ќе ја започне 15 дена откако ќе се распишат изборите, како што стои во Уставот.

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во Белград, Букурешт и Пекинг
Ковачевски: Пензиите ќе продолжат да се зголемуваат, ја имате целата наша почит и поддршка
Се отвора патот за промена на Уставот? Поради сменети искази за случајот „Делчевски ниви“ се запира прогонот?!
Половина од жените не знаат: Ова се петте помалку познати симптоми на рак на дојка
Американската амбасада во Либан ги повика граѓаните на САД во земјата да ја напуштат „што е можно поскоро“
Ако секој ден ги потпирате стапалата на ѕид, во вашето тело ќе се случат три важни промени
Јан Коп до Владата: Ги сакате нашите пари, меѓутоа не ги сакате нашите вредности
Министерство за здравство: За првпат годинава има двапати покачување на платата за здравствените работници
Вело Марковски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори

Марковски очекува поддршка и од политички партии. На новинарско прашање дали разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу независната кандидатура, тој соопшти дека не разговарал. Информира и дека понатаму е член на најголемата опозициска партија.

-Се случуваше во овие 30 години, ВМРО-ДПМНЕ да поддржува независни кандидати, интелектуалци или други функционери од други партии на многу клучни места, како градоначалник на Скопје, на Центар, министри, претседател на држава. Сега очекувам мојата партија да ме поддржи, посочи Марковски на презентацијата.

Вели дека неговиот рејтинг е мерен во јавноста, но не може со сигурност да каже кој е нарачател на тие анкети.

За тоа каков е неговиот став за уставните измени, Марковски вели дека бара прекинување на преговори со Бугарија и дека Договорот за добрососедство и пријателство е непријателски и генерира непријателски однос кон бугарската држава.

-Не смееме да прифаќаме промени кои ќе навлезат во негирање на постоењето на македонскиот народ и јазик и современа нација, истакна тој.

За да влезе во трката за избор на претседател на државата, тој ќе треба да собере 10 000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK