октомври 23, 2024

Понудената промена на Деловникот која власта и опозицијата сакаат насилно да ја протиркаат во Собрание е крајно штетна и опасна, ги претвора пратениците во чиновници, а се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Пендаровски: Од што се плаши Мицкоски да излезе на претседателски избори ако е убеден дека водат на анкетите?
ДПМНЕ и СДСМ туркаат катастрофална промена на Деловникот: Во иднина ќе нема опозиција!
Ова е пејачката која беше пронајдена мртва во Трстеник: Соседите изненадени од вестта – „Имаше тежок живот откако престана да пее“ (фото)
(Видео) Апасиев: Дефиницијата на 353 е подобра од претходната, проблем е казната и политичкиот “дил”
Русија обезбеди 27 тони хуманитарна помош за населението во Појасот Газа
„Само денес извлеков две мртви девојки!“ Спасувач во центарот на пеколот – Нема багери, луѓето се извлекуваат од урнатините со лопати (фото)
ТРИ ТЕСТОВИ КОИ ЈА ОТКРИВААТ БОЛЕСТА ОД КОЈА МНОГУ СЕ ПЛАШАТ МАКЕДОНЦИТЕ – Ако ги имате овие симптоми, тоа може да биде лош знак
Бритни Спирс откри дека татко и ја малтретирал како дете: „ Кога беше пијан, стануваше многу злобен “
Германија ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан!

– Нѐ поканија да присуствуваме на иницијативата Појас и пат во Кина, но ни спремаат “атентат” од заседа ако го напуштиме Парламентот.

Новиот Деловник предвидува да бидам краток и јасен за пунликата, озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце. Затоа мораме да бидеме со Борис во Собрание.

И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива дуот на демократијата.

Ај да воведеме еднопартиски систем. Ние се чувствуваме предадени затоа што ДПМНЕ го поддржува ова, тие договорија прослава во декември во Париз за “консензусот, се обединија опозиицјата и власта”… Проблематично е што имаме Жан Моне процес, немаме ние паметни луѓе? Еве Павел Шатев нека се вика…

Ова е внатрешно прашање, добро е да се види искуството во европарламентот, ама ова е гостинот да му наредува на домаќинот. Тие го договориле уште во минатиот состав ама веројатно поради Северна глумеле ама сега ќе си легнат на брашното. И се воведува двојазичност во Деловникот, ќе нема дрѓава во светот каде се претседава на македонски јазик, а ќе има три држави во светот каде се претседава на албански јазик, вели Апасиев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK