октомври 24, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски е уверен дека ЕУ сака да ја види Северна Македонија како дел од европското семејство, со оглед на тоа што, како што вели, ние сме најдобрата држава во регионот.
Прашан за најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дали доаѓа за да ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, премиерот рече дека на средбите ќе стане збор за скрининг-процесот, инвестициите, но и за продолжување на евроинтеграцискиот пат.

„Ние сме држава што во моментот е најдобра во регионот и секако дека и Европската Унија што веќе го почна процесот за свое реформирање и ќе прима нови членки, сака да ја види земјата како дел од ЕУ оти оној што е најдобар треба и прв да влезе“, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Ние сме најдобрата држава во регионот, па затоа и треба први да влеземе во ЕУ. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK