октомври 24, 2024

Раде Трајковски-Штекли продолжува да останува на интензивна нега, пренесува ТВ21. Според телевизијата, тој бил ранет со 5-6 куршуми.
Директорот на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, д-р Неџат Јакупи во изјава за ТВ21 рече дека здравствената состојба на повредениот Раде Трајковски-Штекли е стабилизирана, но не може да се каже дека е надвор од животна опасност. На Штекли му е отстранет дел од белите дробови.

Направена е обемна интервенција на левиот граден кош. Отстранет е дел од белите дробови оштетен од куршуми. Беа третирани рани на десното рамо. Пациентот ја поминал ноќта на интензивна нега, утрото бил стабилизиран. Тој е во состојба на свест со спонтано дишење и е под опсервација и на интензивна нега во Карил“, нагласи Јакупи.

The post На Штекли му е отстранет дел од белите дробови – откриено со колку куршуми е ранет appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK