октомври 25, 2024

Есента е идеално време да пробате рецепт за вкусна и сочна пита од тиква која ќе ги воодушеви сите членови на семејството и вашите гости. Овој традиционален американски десерт станува омилен десерт за многумина откако ќе го пробаат.

Потребни состојки:

250 гр брашно
50 гр шеќер
½ лажичка сол
125 гр путер
1 јајце
2 големи лажици млеко
за кремот:

500 мл млеко
500 гр тиква
200 гр шеќер
2 јајца
1 лажичка цимет
Подготовка:

Калапот покријте го со хартија за печење. Измешајте брашно, сол и шеќер. Потоа додајте ладен путер исечкан на коцки и со прстите измешајте ја оваа смеса додека тестото не наликува на крупни трошки. Потоа додадете ги јајцето и млекото и брзо измесете го тестото во топка. Не месете предолго, инаку тестото нема да биде крцкаво. Завиткајте го тестото во пластична фолија и оставете го во фрижидер половина час.

Тиквите за кремот исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги во поголем сад, заедно со млекото. Додадете шеќер и зачини и ставете го кремот да се готви на тивок оган додека не омекне тиквата (околу 15 минути), но мешајте за да не изгори тиквата. Кога ќе омекне, изматете го со миксер со стапче. Оставете го кремот да се излади и потоа додадете ги изматените јајца.

Загрејте ја рерната на 180°C. Извадете го тестото од фрижидер и разредете го и ставете го калапот. Со вилушка избоцкајте го дното и ставете го тестото во замрзнувач десетина минути. Извадете го тестото од замрзнувач и покријте го со фолија и потоа печете го 10 минути.

Извадете го испеченото тесто и намалете ја рерната на 160°C. Истурете го кремот во тестото и печете сѐ заедно половина час. Оставете го колачот да се излади пред да го послужите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK