октомври 25, 2024

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Вучиќ и Фон дер Лајен најпрвин ќе имаат разговор лице в лице во Палатата Србија, а потоа ќе се сретнат со членовите на двете делегации.

Судот одлучи: 14 осомничени за “Синџир” одат во притвор, за 12 се определени мерки на претпазливост!
Притисок за признавање на Косово: Фон дер Лајен денеска на средба со Вучиќ и Брнабиќ
АЛКАЛОИД со 191 ново вработување во земјава, продажби од 202,7 милиони евра, извоз од над 141 милион евра и со инвестиции од 20,2 милиони евра во периодот јануари – септември 2023 г.
Во сезоната на вируси: Како се разликуваат обичната настинка, од сезонскиот грип и КОВИД-19
Матоши: Моментно има лекови за сите онколошки пациенти, буџетот е скоро 1,5 милијарди денари
Пита од тиква – омилен американски десерт идеален за есенските денови
Колку пати неделно јадете компири? Не претерувајте, може да биде опасно
Една баба објасни зошто често купување на подароци може да им наштети на децата
„Заедно сме од 18 години“: Јелена Ѓоковиќ за односот со Новак – „Далеку сме од совршен пар“

Вучиќ синоќа изјави дека во текот на денот ќе разговара со претседателот на Европската комисија за сите важни прашања за Србија.

„Таа преноќува во Белград и освен официјалните разговори, потоа ќе имаме и разговори, приватно и ќе вечераме заедно. Ќе имаме многу време да разговараме за сите важни прашања за Србија“, Вучиќ. изјави за ТВ Хепи.

Фон дер Лајен доаѓа во Белград како дел од четиридневната посета на Западен Балкан, која ја започна во неделата во Скопје, со цел да ги претстави деталите од Планот за раст на ЕУ за регионот.
Таа вчера беше и во Приштина, каде на прес-конференција со претседателката на привремените институции на Приштина, Вјоса Османи, рече дека има нов инвестициски план кој функционира многу добро и дека успех може да се постигне само доколку Белград и Приштина нормализирање на нивните односи.

Фон дер Лајен претходно во Скопје се сретна со претседателот на Македонија, Стив Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, при што таа повтори дека ЕУ планира да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги постигнат реформите неопходни за интеграција во европскиот блок со инвестиција од шест милијарди евра.
Во рамките на посетата на Западен Балкан, Фон дер Лајен претпладнево ќе ја посети Црна Гора, а утре Босна и Херцеговина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK