октомври 25, 2024

Објавени се првите резултати од извештајот за токсикологија, кои потврдија дека Метју Пери не конзумирал фентанил или метамфетамин и дека во неговото тело нема траги од овие недозволени супстанци.

Првиот извештај, кој е помалку детален, засега исклучува предозирање со метамфетамин или фентанил како причина за смртта, пренесува TMZ. Целосниот токсиколошки извештај за Пери можеби нема да биде достапен со месеци, а би требало да открие дали Пери имал штетни количини на лекови во неговиот систем во моментот на неговата смрт.

Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес претходно потврди дека полицијата во неговиот дом не пронашла сомнителни супстанци, туку само лекови на рецепт.

Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, изјави за Си-Ен-Ен дека брзата помош пристигнала во домот на Пери во 16:07 часот во саботата, а полицијата пристигнала малку подоцна. Актерот бил пронајден мртов во џакузи. Имаше 54 години.

По смртта на Пери се огласи неговото семејство, како и пријателите од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс кои рекоа дека се уништени оти сите заедно биле повеќе од колеги – биле семејство.

Текстот Објавени се првите резултати од токсиколошките наоди на Метју Пери е превземен од МАКФАКС.

The post Објавени се првите резултати од токсиколошките наоди на Метју Пери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK