октомври 25, 2024

Миликије Халими е избарана за директорка на АД „Аеродроми“ од страна на Надзорниот одбор и врз основа на универзитетска диплома што ја има поднесено, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

-Таа е избрана по предлог на Владата, врз основа на универзитетска диплома која ја имаат и други функционери – додаде Ковачевски на денешниот настан по повод Националниот ден на осигурувањето.

Во краткиот одговор, Ковачевски не даде објаснување за каква диплома се работи.

Изборот на поранешната градоначалничка на Општина Арачиново, за генерална директорка на АД „Аеродроми на Северна Македонија“ предизвика реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ова е срам за Владата, но и за Македонија, бидејќи „човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромски услуги во државата“

The post Ковачевски: Халими е избрана за директорка на АД „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK