октомври 25, 2024

Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс „Жена во мене“ (The Woman in Me) се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.

„Во мемоарите ги влеав срцето и душата и благодарна сум на многубројните фанови и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка“, рече меѓу другото Спирс во изјавата за книжарницата „Галери Букс“.

Податоците за продадените копии вклучуваат однапред нарачани книги, печатени примероци, аудио книги и е-книги, според АП.

Нејзините мемоари беа поздравени од критичарите како привлечна приказна за нејзиниот пораст до глобална слава и неволјите што ја стигнаа, особено како резултат на старателството кое со години му даваше на нејзиниот татко контрола над поголемиот дел од нејзиниот живот.

И покрај тоа, „The Woman in Me“ не беше најпродаваната книга во првата недела од објавувањето во САД, бидејќи мемоарите на британскиот принц Хари Виндзор „Spare“ беа продадени во 1,6 милиони примероци во првата недела.

The post Мемоарите на Бритни Спирс се продадени во 1,1 милион примероци во првата недела appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK