октомври 25, 2024

Европскиот одбор за заштита на податоците донесе обврзувачка одлука со која забранува да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

„Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, ​​објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), пренесува France 24.

Наредбата доаѓа откако Мета објави дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Европа од овој месец ќе можат да се претплатат за користење на социјалната мрежа без никакво рекламирање.

„Мета“ веќе најави дека ќе им даде можност на граѓаните во ЕУ и во Европската економска област да одобруваат, а во ноември ќе понудат претплатен модел во согласност со регулаторните барања“, изјави претставник на Мета.

Одлуката го принудува ирскиот регулатор за податоци, кој има јурисдикција над операциите на Мета во Европа, да преземе конечни дејствија по ова прашање во рок од две недели, а забраната стапува на сила седум дена подоцна.

Текстот ЕУ забрани да се користат лични податоци за рекламирање на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.

The post ЕУ забрани да се користат лични податоци за рекламирање на социјалните мрежи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK