октомври 25, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Њукасл го совладаа Арсенал во натпреварот од 11. коло од Премиер лигата со 1:0 (0:0).

Победничкиот гол на натпреварот го постигна крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон, кој ја искористи хаотичната ситуација пред голот на Арсенал и ја погоди мрежата во 64. минута.

Првото полувреме го одбележа голема борба на средината од теренот. Ниту еден тим не успеа да ја наметне во целост својата игра. Најбурно беше во 37. минута, кога Хаверц задоцни со стартот, грубо стартуваше, домашните бараа црвен картон, но Германецот сепак остана на теренот со жолт картон.

Одлична прилика во 54. минута имаше Ентони Гордон, кој до тој момент реално не се прослави. Ниту тогаш не успеа да ја погоди мрежата, но тоа го направи десет минути подоцна. Жоелингтон го доби дуел со Габриел и топката се одби покрај Гордон, кој ја затресе мрежата.

ВАР долго време ја проверуваше регуларноста на акцијата што му претходеше на голот – сомнително беше дали топката излезе надвор од границите на теренот, на крајот голот беше признаен.

Избраниците на Артета продолжија агресивно да се обидуваат да ја контролираат играта, напаѓаа, но сите тие напади не беа успешни.

Арсенал го претрпе првиот првенствен пораз сезонава и втор по ред во сите натпреварувања. Њукасл пред своите навивачи стигна до четвртиот последователен триумф во Премиер лигата.



The post (Видео) Арсенал падна во Њукасл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK