октомври 25, 2024

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во Меморијалниот комплекс во селото Сопот, каде во 1944 година 64 Албанци од ова село ги загубија животите рече дека ќе паднат границите со Албанија и Косово, и сите ќе бидеме во Европа со другите народи.

Тој нагласи дека Албанците никому не му должат да останат затрупани и изолирани.
Ќе ги отстраниме границите како што Европа ги отстрани. Затоа што не должиме магариња, за да останеме изолирани и прикриени. Ние ја имаме иднината во Европа. Албанците ги отстрануваат границите со своето членство во Европа, како што сме во НАТО заедно со Албанија и утре со Косово. За мене не е големо достигнување што границата ќе стане еднострана, за мене најголемо достигнување е отстранувањето на границите, бидејќи падот на границите е иднината на народите и слободата на народите“, рече Ахмети.

The post Ахмети: Ќе ги тргнеме границите со Косово и Албанија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK