октомври 25, 2024

Викендов, во кумановското село Сопот, лидерот на ДУИ Али Ахмети го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК.

На свеченоста, како што пренесоа дел од медиумите, Ахмети упатил неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.
Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен – изјавил Ахмети.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети.

The post Ахмети го отвори музејот на УЧК во кумановско Сопот – „Голема Албанија“ е изгравирана на мермер, изложени се фотографии од борците appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK