октомври 27, 2024

Во рамките на мисијата „Транспортер 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави „Спејс икс“ на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер).

Мисијата „Транспортер 9“ е деветти специјален лет на ракета „Спејс Икс“ во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

„Фалкон 9“ беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

„Транспортер 9“ е 82-та орбитална мисија на „Спејс икс“ оваа година.

Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на „Старлинк“, интернет мегасоѕвездието на „Спејс икс“ со повеќе од 5.000 сателити.

Претходната мисија „Транспортер 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа испуштени 72 минисателити.

Текстот „Спејс икс“ лансираше десетици минисателити во орбитата е превземен од МАКФАКС.

The post „Спејс икс“ лансираше десетици минисателити во орбитата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK