октомври 27, 2024

Дали Мицкоски се договарал или преговарал со Касами околу неговата идеја за промена на македонските химна и знаме, праша потпретседателот на СДСМ и директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Тој во својата објава на социјалните мрежи додаде дека лидерот на БЕСА, Биљал Касами стана градоначалник на Тетово токму со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните чекаат итни одговори, потенцира Богоев.

Овој производ итно се повлекува во Хрватска! Издадено предупредување: „Ако сте го купиле, престанете да го користите!“
Дали Мицкоски се договарал со Касами за промена на химната и знамето?, прашува Богоев
СДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на Чебрен со што заштеди 100 милиони евра
Канцеларија на ОН: Во Газа 45 отсто од станбените згради се уништени или оштетени, потрошувачката на вода намалена за 90 отсто
ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕТЕ КОСТЕНИ : Полни се со витамини и минерали, но ОВАА ГРУПА ЛУЃЕ треба да внимава
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Лекарот од Газа не ја напуштил болница четири недели: „Посакувам да се сокријам и да плачам“
Ужас во Индија: Најмалку 40 работници се затрупани кога се урнал тунел во изградба (ВИДЕО)
Деспотовски: Финансиска поддршка од државата досега искористиле над 900 домашни компании

Богоев го постави прашањето алудирајќи на вчерашната изјава на лидерот на Христијан Мицкоски дека по следните избори, ДУИ ќе замине во опозиција, а како можен коалиционен партнер доколку победи ја спомна албанската опозиција, во чии редови е и лидерот на БЕСА, Касами.

Претходно, Касами во гостување на Тв Сител рече дека е многу важно химната да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Моите постапки се согалсно барањата на Албанците и тоа утре сакам да биде решено со закон како што е решено во делот со знамето. Сè додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на Македонците, а не се однесува на граѓаните односно на Албанците, на Турците и на другите етнички заедници, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна. За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна. Во овој дел мора да разјаснам, ние не сме против химната да се однесува на Македонците, но треба да се однесува и на Албанците, кажа Касами.

Темата со химната стана актуелна откако по општина Аеродром и Гази Баба веќе ја одобри одлуката наставата понеделнички да почнува со интонирање на државната химна. Според општините, целта е децата да имаат почит и љубов кон татковината уште од најрана возраст.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK