септември 22, 2024

 Германската државна железница „Дојче бан“ ќе и достави на украинската железница генератори за итни случаи, поради руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

Првите 63 генератори што ќе бидат испратени во Украина се натоварени во Хановер, соопштено е денеска од „Дојче бан“. Донираните генератори ќе се користат за напојување на железнички станици и возови, за нивно осветлување, греење и затоплување вода.

Во јануари се предвидува дека ќе бидат испорачани уште 325 генератори за итни случаи за снабдување на патничките простори и работните места на украинските железници.

„И покрај најнеповолните услови, неверојатно храбрите железничари го одржуваат железничкиот сообраќај во Украина што е можно подолго“, рече шефот на „Дојче бан“, Ричард Луц.

„Обезбедуваме поддршка онаму каде што сега е итно потребна помош“, рече тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK