мај 5, 2026

Израел ослободи уште 33 палестински затвореници, од кои 30 деца, во понеделникот во четвртата размена на заложници по ослободувањето на 11 израелски заложници.

Израелската затворска служба објави дека затворениците биле ослободени од затворот Офер на Западниот Брег и од притворниот центар во Ерусалим, со што вкупниот број на ослободени Палестинци од петокот се искачи на 150, пишува Гардијан.

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА КИМ: Се појавија детали за заговорот, убијци чекаа во Владивосток, трагите водат до ЗАКОЛНАТИ НЕПРИЈАТЕЛИ

Американскиот портал Дејли Бист го потврди постоењето на планови за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од кои барем еден бил финансиран од јужнокорејското разузнавање. „Дејли бист“, повикувајќи …
Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на Македонија во ОБСЕ и поддршката на сојузниците за Украина

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во …

Новите ослободувања следеа по првичното ослободување на 13 Израелци во петокот, уште 13 доцна во саботата, 14 во неделата и 11 во понеделникот, за вкупно 51 лице. Некои од ослободените се двојни државјани.

Ројтерс јавува дека 30 деца и три жени биле ослободени во последниот круг, додека АП пренесува дека автобус на Црвениот крст со ослободени палестински затвореници утринава пристигнал во Рамала.

Претходно, десетици Палестинци вееја палестински знамиња, како и знамињата на Хамас и Исламски џихад се собраа пред израелскиот затвор Офер, во близина на Рамала на Западниот Брег, чекајќи ослободување на нова група Палестинци.

Хамас доцна во понеделникот ослободи 11 израелски заложници од Појасот Газа, соопшти израелската војска. Како што јавија израелските медиуми, станува збор за две жени и девет деца, од кои две се на возраст од три години.

Четиридневниот договор за прекин на огнот требаше да истече денеска, но Катар, кој дејствува како посредник, рече дека Израел и Хамас се договориле да го продолжат примирјето за уште два дена.

Израел доби список на израелски заложници кои денеска треба да ги ослободи Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Списокот на заложници во моментов се разгледува и „во моментов се доставуваат известувања до семејствата на оние кои ќе бидат ослободени по повеќе од 50 дена поминати како заложници во Газа“, се вели во соопштението.

Тој не го прецизираше бројот на заложниците што ќе бидат ослободени денеска како дел од продолжениот договор за прекин на огнот постигнат во понеделникот, објави „Тајмс оф Израел“, но рече дека израелската влада одобрила ослободување на 50 палестински заложнички како дел од договорот за продолжување привремениот прекин на огнот со Хамас, обезбедувајќи ослободување на уште речиси 20 Израелци кои Хамас ги држеше како заложници од 7 октомври.

Од петокот, 50 израелски заложници беа ослободени како дел од првичниот договор за четиридневен прекин на огнот во борбите во Газа и ослободување на тројца палестински затвореници за секој израелски заложник.

Како резултат на паралелните преговори водени од Катар, Хамас ослободи и 17 Тајланѓани, еден Филипинец и еден Руско-Израелски државјанин.

Израел и Хамас вчера се согласија да го продолжат привременото примирје за два дена, отворајќи го патот за ослободување на уште 20-тина луѓе кои беа заложници на палестинската милитантна група.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK