мај 5, 2026

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА КИМ: Се појавија детали за заговорот, убијци чекаа во Владивосток, трагите водат до ЗАКОЛНАТИ НЕПРИЈАТЕЛИ

Американскиот портал Дејли Бист го потврди постоењето на планови за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од кои барем еден бил финансиран од јужнокорејското разузнавање. …
ЧЕШКА: НЕМАМЕ ПОВЕЌЕ ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА

Помошта ќе продолжи, но на други начини, рече чешкиот министер за одбрана. Не остана многу во залихите на Чешка што може да се испратат во Киев, …

Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.

-Во текот на посетата на Македонија, државниот секретар ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ за реафирмација на цврстите заложби на САД во ОБСЕ и главната мисија на организацијата да промовира безбедност, стабилност и соработка меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирно решавање на споровите, рече Милер.

Блинкен исто така ќе ја истакне главната улога што ОБСЕ ја игра во промоција на продлабочената безбедност низ регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, се вели во соопштението.

Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија вчера на брифинг изјави дека на состанокот Блинкен ќе зборува и за подршката на САД и сојузниците за Украина.

Од Скопје тој ќе опатува на Блискиот исток, во Израел и ОАЕ. Во Израел ќе разговара за правото на Израел да се одбрани од нападите на Хамас согласно меѓународните хуманитарни закони, како и за напорите да се обезбеди ослободување на останатаите заложници. Ќе се раговара и за идното создавање на палестинска држава.

Во Дубаи тој ќе учествува на Климатската конференција на ОН КОП28, каде со глобалните лидери ќе разговара за продолжување на борбата со климетските промени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK