мај 5, 2026

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Официјален Киев се налути: Kулеба не доаѓа на министерскиот состанок во Скопје

Шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба не доаѓа на министерскиот состанок во Скопје. Русија го уништува ОБСЕ, а доаѓањето на руска делегација ќе ја влоши кризата во организацијата, порача официјален Киев. Портпаролот на министерството за надворешни …

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова – секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев – секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски – секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ – секретар на Одделението за уметност, – акад. Глигор Каневче – избран член.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK